Карактеристичен и хармоничен тон, комплексна изведба, традиционален рецепт, мајсторско ремек-дело – неизоставен дел од секоја веселба. Полуслатко вино со отворена рубин боја добиено од сортите Вранец, Мерло и Каберне Совињон. Ароматниот комплекс е овошен, зачински, со ноти на мали црвени бобинки и суво грозје. Вкусот е мек, полн, гладок, хармоничен, долготраен.