Услови за користење

Добредојдовте на вебс траната radiocafe.com.mk. Со пристапување на нашата страница или со користење на нашите услуги, Вие потрврдувате дека ги прифаќате ови Услови за користење и се согласувате да ги почитувате. Ве молиме прочитајте ги овие услови внимателно пред да направите нарачка. Ако имате било какви прашања во врска со овие услови, ве молиме контактирајте не ена info@radiocafe.com.mk. Ако не ги прифаќате овие услови и условите во целост Ве молиме да не ги користите нашите услуги

Законска обврска : Доколку нарачате нешто од нашиот сајт www.radiocafe.com.mk се обврзувате истото уредно да го примате на наведената локација. Доколку ја злоупотребете нашата веб страна, ГБЦ Комуникации ќе покрене законска постапка против Вас за да ја надомести штетата направена од злоупотребата.

Достава: Направената нарачка ќе ви се достави во рок од 45 минути доколку нарачката е над 300 денари.  Од 12 до 23 часот за секоја нарачка над 300 денари следува бесплатна достава! Во бесплатната достава не се вклучени населбите од периферијата на Штип. Доколку нарачката не е над 300 денари, купувачот може нарачката да ја подигне сам од нашиот ресторан.

Нарачката имате право да ја одбиете во следниве случаи :

  • Доцни повеќе од 45 минути. Исклучок е ситуација кога има лоши временски ислови, шрајкови, затворени или блокирани улици за непречено движење кои би го попречиле работењето на доставувачите. Исклучок е и доколку Радио Кафе Канал 77 побара поголемо време за подготовка на нарачката, а притоа Вие сте известени за истото на телефон или мејл.
  • Температурата на храната е на незадоволително ниво по вина на Радио Кафе Канал 77

Доколку нешто недостасува од нарачката имате право да побарате средствата да ви бидат рефундирни или да побарате тоа што недостасува да Ви биде донесено најбрзо што може без дополнителен трошок. Вакви проблеми можете да ги пријавете на 032-613-77 и 078-500-077 или на info@radiocafe.com.mk . Доколку нарачката Ви е платена онјалн Радио Кафе Канал 77 ќе испрати барање за рефундирање на Вашите средства и истите ќе Ви бидат достапни за 1 до 5 работни денови.

Производите се заменуваат само по услови пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.Во случај на враќање на производите и/или поврат на средставата на купувачот кој платил со платежна картичка, а без оглед на причината на враќањето , ГБЦ Комуникации има обврска враќањето на средтвата да го изврши исклучиво на платежната картичка, што значи дека банката на барање на продаваќот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката од 1 до 5 работни денови. 

Кога правите нарачка преку веб страната www.radiocafe.com.mk, Вас ви стигнува емаил со потврда за Вашата нарачка од нас. Ве молиме да се осигурате дека оставате точна емаил адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со Вас во врска со Вашата нарачка. Исто така осигурајте се дека при правење на нарачката имате венесено точна адреса и телефонски број, за да биде доставена Вашата нарачка на точната локација. 

Сите оброци се предмет на достапност. Радио Кафе Канал 77 може да понуди алтернатива за секој оброк што не може да Ви го обезбеди. Ве молиме при нарачување на одредена храна да наведете во забелешка доколку имате алергија на одреден продукт. 

Продажба на алкохол и цигари. Лицата кои  може да нарачуваат алкохол и /или цигари од Радио Кафе Канал 77 мора да се на возраст од 18 или повеќе години. Алкохолните пијалоци и /или цигарите можат да бидат продадени и испорачани само на лица на возраст од 18 или повеќе години.Радио Кафе Канал 77 има право да побара идентификација за возраста на клиентот кој нарачал алкохол и/или цигари пред да ја предаде нарачката. Радио Кафе Канал 77 го задржува правото да одбие да испорача алкохол и/или цигари на личност која не може да го докаже дека е на возраст од 18 или повеќе години.

Цената на секој производ е наведена на веб сајтот www.radiocafe.com.mk . Цените се со вклучен ДДВ. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековнита нарачка за која Ви пристигнала емаил потврда.